Оди Блажо кај попот да се исповеда, и му вика: Попе јас згрешив многу згрешив.
– Господ ќе ти просте синко, де кажи што е работата.
– Вчера товарен со камионот возам и натаму кај Катланово качив една стоперка, згодна, убава, облечена во танки мали шорцеви, и куса мајица, и цело време ме гледаше провокативно.
– Добро синко, кажи ми кај згреши? Во мислите попе, во мислите, одговара Блажо. – Добро, секое сабајле и навечер, ќе пиеш по една кофа вода, и Господ ќе ти прости, му враќа попот.
– Ама зошто толку вода бре попе да пијам – Оти си КОЊ бе Блажо!





