По 10 години, Трпе се враќа од печалба во Германија. На аеродромот го чека целото семејство насмеани од уво до уво. Мајка му го здогледала Трпе и се стрчала кон него, но тој и удрил шамар.
По неа се затрчува и сестра му, а Трпе и неа и удрил шамар. Истото го направил и со неговиот брат. На крајот доаѓа татко му и го прашува:
– Добро бе Трпе, што ти е тебе, зошто сите нè шамараш?
Трпе одговара:
– Како бе зошто? 10 години сум во Германија, денар не сте ми испратиле!