Се вратил Трифун во Скопје по 20 годишна печалба во Австралија.
Штом слегол на аеродромот, толку му станало мило што згазнал на македонска земја, ги оставил куферите, ги кренал двете раце кон небото и рекол:
– Ех, Македонијо, мила Македонијо, ти ли си?
Кога посегнал да си ги земе куферите, со изненадување сфатил дека веќе ги нема.
– Ти си, ти си, да одиш во ПМ!!!