Оди некој македонски архитект кај свој колега во Италија. Го гледа италијанецот со две куќи, три автомобили, пет мобилни телефони и сл. Па го прашува:
-Како успеа човече да направиш толку богатство?
На тоа италијанецот му одговара:
-Го гледаш оној мост?
-Го гледам, му вели македонецот
-Епа тој мост требаше да биде 120m x 25m, а јас го направив 120m x 22m па од тие 3 метри го направив ова богатство.
Доаѓа следната година италијанецот во Скопје, па го гледа македонецов со 3 хотели на Охридско Езеро, вози џип, има казино, јахта која ја поставил на наше море.
А од каде па сега ти сето ова ?
– Го гледаш оној мост онде?
Италијанецот на тоа одговорил: Не! На тоа нашиов му рекол: – Тука требаше да биде!