6 C
Skopje
петок, јуни 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВИЦ: Американски шпиуни на воената академија во Македонија

    Американските тајни служби одлучиле да испратат шпион во воената академија во Македонија. По 3 дена шпионот бил фатен и екстрадиран назад во Америка.

    Шпионот го дал следново објаснување:

    – На предавања, сите спијат – само јас пишувам и внимавам и затоа ме фатија.

    Го испратиле вториот шпион, повеќе квалификуван. По 3 недели и него го фатиле. Тој објаснил:

    -На предавањата сите спијат – и јас спијам. Но, потоа откако се наспијат сите бегаат од часовите – само јас не бегам и затоа ме фатија.

    По долги тренинзи, го испратиле третиот шпион. По еден месец, сепак и него го фатиле.

    – На предавањата – спијам, после сите бегаат – и јас трчам, но кога се приберавме по своите соби, сите играт карти и табла – само јас си учам и затоа ме фатија.

    По долги тренинзи Американците одлучиле да го испратат најдобриот шпион… Него го фатиле за 3 месеци… Шпионот објаснил:

    -На предавањата сите спијат – и јас спијам, после сите бегаат – и јас бегам, кога ќе се приберевме во своите соби, сите играат карти и табла – и јас играм.

    Но кога дојде сесија, СИТЕ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ – САМО ЈАС НЕ МОЖЕВ…

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.