За најдобар млад македонски џез-музичар за 2017 година е избран Виктор Филиповски. Наградата „Златен орикс“ ќе му биде врачена вечерва во 20.30 часот во кафе-барот „Винил“по што ќе следува настап на музичарот со квартетот на Тони Китановски.

Виктор Филиповски е претставник на најмладата генерација џез креативци. Роден е во 1992 година во Скопје. Од детски години свири традиционални перкусии и тапани во рок групи. Пресвртница настанува кога запишувајќи се на одделот за џез студии на штипскиот универзитет ќе го сретне својот ментор Александар Секуловски.
Во моментов е магистерски кандидат на истиот оддел, но и најмлад инструктор на музичката академија и е вклучен во наставата по џез тапани.

Минативе четири години е најбараниот тапанар на македонската џез сцена. Постојан член е на составите Fierce и Тони Китановски трио, а настапувал и со Васил Хаџиманов бенд, Владимир Четкар, Едуардо Раон, Љубојна, Ѓорѓи Шаревски и Емин Џијан. Како член на состави зад себе има голем број настапи меѓу кои и на престижни фестивали како Јава џез фестивал,  Јарусум џез фестивал, Лекарго, Нишвил џез фестивал Македокс и Опатија  фим фестивал