6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Викторија Бекам користи крем од сопствената крв кој чини 1 200 фунти

    Крем „од крв” е новиот козметички хит во светот, кој ефикасно го спречува создавањето на брчките и го стимулира колагенот. Модната дизајнерка и поранешната „спајсица“ Викторија Бекам (44) користи хидратантен крем направен од нејзината сопствена крв кој чини 1 200 фунти.

    Викторија на „Инстаграм“ им откри на своите следбеници дека кремот е производ на лекарката Барбара Стурм, која е еден од најпопуларните холивудски дерматолози, и дека во него се наоѓаат нејзините сопствени клетки.

    Таа мора да го нанесува кремот секој ден, за да го задржи младешкиот изглед на лицето и еластичноста на кожата.

    „Од детството имам лоша кожа и отсекогаш сум се обидувала да го сокријам лицето со секаков вид препарати, производи или шминка. За среќа, не треба повеќе да се грижам за тоа“, неодамна призна Викторија.

    Бекам не е единствената која ги користи овие производи, познати клиенти кои го пробале кремот од крв беа Џада Пинкет Смит (47), Џон Малкович (65), Кејт Мос (45), Гвинет Палтроу (46) и многу други.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.