„Јутјуб“ ќе забрани прикажување на видео исечоци на кои се прикажуваат опасни или емоционално вознемирувачки шеги, предизвици или измами, објави Би-би-си.
Одлуката е донесена откако некои предизвици и измами резултирале со смрт или повреди, а раководството на „Јутјуб“ смета дека таков вид на видео материјали не треба да бидат достапни на тој канал.
„Јутјуб“ е мрежна услуга за размена на видео записи на која корисниците можат да поставуваат и прегледуваат различни видео материјали. Потребна е регистрација само за објавување содржини, а не за прегледување.
Според правилата за користење, забрането е поставување порнографски содржини, насилство, содржини кои поддржуваат криминални работи, содржини со цел посрамотување и реклами.