Новак Ѓоковиќ вчера одигра меч за заборав на стартот од Мастерсот во Монте Карло, но сепак со крајни напори успеа да слави над за него незгодниот противник Филип Колшрајбер.
Првиот рекет на светот покрај слабата игра, уште еднаш ја покажа својата лоша страна, откако повторно ги мина сите граници на културното однесување и на неколку пати испрати сочни пцовки до публиката.
Недоличното однесување на Новак Ѓоковиќ на мечот со Колшрајбер:
https://twitter.com/i/status/1118525748262973440
Но, тоа не беше сè од српскиот тенисер, бидејќи кон средината на вториот сет ги загуби нервите, па ја истури нервозата врз рекетот.