Светот беше шокиран од видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа како мало девојче од чилеанскиот регион Валпараизо си игра со кукла на незаштитениот раб на балкон, на четвртиот кат.
Човекот кој го снимал видеото, Мануел, бил со својот син во болница покрај улицата од зградата и ги алармирал лекарите кои веднаш повикале полиција.
„Видовме луѓе во станот со неа, а жената со која беше – веројатно нејзината мајка – разговараше по телефон“, рече тој.
Сè уште не е познато дали полицијата ќе отвори истрага, а снимките треба да послужат како лош потсетник за сите родители – секогаш имајте ги децата на повидок, луѓе, секогаш. Само секунди се доволни за да се случи трагедија.