Авиони на руските вооружени сили накратко го нарушиле воздушниот простор на Шведска, соопштија денеска властите во Стокхолм.
Инцидентот се случил во саботата, на 19 јануари. Шведските вооружени сили ја информирале владата за тој настан.
„Руски авион ‘ил-20’ леташе над Балтичкото Море, придружуван од два ловци ‘су-27’. Јужно од Карлшамн во Блекингe (јужна шведска покраина), руските авиони накратко влегоа во шведскиот воздушен простор без дозвола“, се вели во соопштението на шведската армија.
Руското Министерство за одбрана претходно, пак, објави видео на кое ловец „су-27“ пресретнува шведски шпионски авион „голфстрим“.