Холивудскиот актер Мет Дилон синоќа пристигна во Србија, поточно на филмскиот фестивал „Кустендорф“ што се одржува на Меќавник. Актерот беше пречекан од домаќинот на фестивалот Емир Кустурица како и од многубројни новинарски екипи.
Како што пренесуваат српските медиуми, тој бил пречекан со леб и сол, но одбил да наздрави со ракија и рекол дека не пие алкохол. Тој на новинарите им рекол дека никаде и никогаш немал ваков пречек, а на прашањето како реагирал кога добил повик од Кустурица за учество на фестивалот, рекол:
„Јас сум голем обожавател на неговите филмови така што бев многу возбуден од самата идеја за доаѓањето тука. Му реков дека сигурно ќе дојдам ако ми дозволи распоредот. Сè испадна како што треба и еве сум тука“.
На прашањето дали се чувствува како филмска ѕвезда, Дилон рекол: „Не, јас сум само обичен човек, како и сите други луѓе“.