Татко на осум деца во Турција загинал обидувајќи се да сними роденденско видео. Тој се лизнал од врвот на карпа во јужна Турција по што паднал во амбис.

На видеото објавено на интернет може да се види како Халил Даг стои на високата карпа и скока, но губи рамнотежа при доскокот по што паѓа во абмис повеќе од 160 метри. Неговите пријатели викаат и повикуваат помош.

Триесетгодишниот Даг бил пренесен во болница, каде што починал.