Стеф Кари, според многумина најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, постигна 13 тројки на натпреварот против Њу Орлеанс, што преставува нов рекорд во лигата.
https://www.youtube.com/watch?v=p6psFip8Jkw
Против ЛА Лејкерс, пред два дена, Кари не постигна ниту една тројка, со што ја прекина низата од 157 натпревари на кои погодил најмалку еден шут за три поени. Лошото издание против Лејкерси, Кари, во целост го надомести, со неверојатната партија против Њу Орлеанс и поебдата на Голден Стејт 116-106.
Кари постигна 46 поени, на кои придодаде по пет скока и асистенции, тој погоди 13 од 17-те обиди за три поени.
„Шефот Кари“, претходно го делеше првото место на вечната листа заедно со Коби Брајант и Донијел Маршал.
Против Њу Орлеанс по неколку лоши изданија добро одигра и Клеј Томпсон, постигна 24 поени, а Кевин Дурент уфрли два коша помалку.
Ентони Дејвис со 33 поени и 13 скокови го предводеше Њу Орлеанс кој сезонава сеуште нема победа.
Резултати: Шарлот-Индијана 122:100, Филаделфија-Јута 84:109, Вашингтон-Хјустон 106:114, Чикаго-Орландо 112:80, Оклахома-Мајами 97:85, ЛА Клиперс-Детроит 114:92.