Несекојдневните временски услови вчера донесоа снег во најтоплата пустина во светот, Сахара.

Како што јави „Ројтерс“, врнежи од снег имало на подрачјето на Аин Сефра, кое се наоѓа на северот на Алжир.

Снегот почнал да паѓа во неделата наутро. Снежната покривка достигнала 40 сантиметри, но се стопила до вечерта. Ова е втора година по ред во Сахара да падне снег, а во последните 37 годни снег паднал четири пати.