Петстотини години стара слика од Исус Христос насликана од Леонардо да Винчи е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 450 милиони долари, што ја прави најскапо уметничко дело во светот.

Сликата „Salvator Mundi“ што во превод значи „Спасител на светот“ најверојатно е насликана по 1505 година

Почетната цена на сликата на аукцијата во „Кристис“ била 100 милиони долари. Купувачот е анонимен, а „Кристис“ не сака да го открие ниту регионот од каде што доаѓа. Сликата е продадена за 20-тина минути, а за неа биле заинтересирани шест купувачи чии понуди скокале за 20-30 милиони долари, што е невообичаено.

Досегашни рекордери беа „Жените од Алжир“ на Пикасо продадена за 179,4 милиони долари и една слика на Пол Гоген продадена за 300 милиони долари.

Сликата на Леонардо да Винчи „Кристис“ ја нарече најголемо откритие на 20 век. Сликата ја продавал рукиот олигарх Димитриј Рибовољев, сопственик на ФК „Монако“. Тој ја купил од француски дилер за 127 милиони долари, а Французнинот, пак, ја купил на аукција во „Сотебис“ во 2013 година за 50 милиони долари помалку.

Пред тоа „Salvator Mundi“ била во сопственост на конзорциум дилери вклучувајќи го и Александар Периш, кој ја купил за само 10.000 долари. Делото долго време било сметано за копија.

Кога Периш ја однел кај експерти, во ликовниот свет одекна бомба – потврдено е дека автор на сликата е Леонардо да Винчи. Тоа била негова прва потпишана слика уште од 1909 година.

„Шансите да пронајдете некоја непозната слика на Леонардо се помали отколку да откриете нова планета“, рекол Лоик Гозер, експерт од „Кристис“.

По долгата реставрација, сликата првпат е откриена за јавност во 2011 година на изложба во Националната галерија во Лондон.