Новинарка на германската телевизија АРД на вчерашната прес-конференција го нарече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Германија.
„Ако ми дозволите, ќе поставам и друго прашање – нашиот министер за надворешни работи Лавров … Не Лавров, туку Хајко Мас”, рече таа со насмевка.
„Сега сигурно ќе бидам обвинет дека сакаме да ја освоиме и Германија”, рече рускиот министер.
Корреспондент немецкого АРД: Наш министр иностранных дел Лавров.
Лавров: Теперь я точно буду обвинен еще и в том, что мы хотим Германию захватить и заполонить pic.twitter.com/Ka04jt4bGD— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) January 16, 2019
Официјалнaта претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa, беше изненадена од грешката на новинарката.
Таа истакна дека конференциската сала била добро оладена и дека поминало само половина час од почетокот на конференцијата, па новинарите биле „свежи”.
Се покажа дека новинарката сакала да дознае дали Лавров ќе разговара со германскиот колега, кој наскоро ќе дојде во Москва.