Руската морнарица има намера да распореди повеќе од 30 подводни дронови наречени „Посејдон“, кои може да носат нуклеарни бојни глави, објави руската новинска агенција „Тасс“.
Дроновите „Посејдон“ може да носат нуклеарна бојна глава од два мегатона, што може да го уништи западното пристаниште, односно која било руска непријателска поморска база.
Четири подморници опремени со дронови „Посејдон“ ќе се приклучат на Северната и руската Пацифичка флота.
Секоја подморница ќе носи најмногу осум дронови, па според тоа, набргу во руската морнарица би можеле да бидат активни дури 32 дрона „Посејдон“, изјавил неименуван извор од руската воена индустрија за новинската агенција „Тасс“. Сепак, агенцијата сè уште не добила официјална потврда за ваквите информации.