Во немирите што избија пред неколку дена во Венецуела досега загинаа најмалку 26 лица. Протестите се одржуваат веќе неколку дена, а истите се против владата на претседателот Николас Мадуро.
„Вкупно 26 лица за време на протестот беа убиени”, напиша на „Твитер“ невладината организација на Венецуела, потенцирајќи дека седум лица загинале во главниот град.
Претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција под контрола на опозицијата, Хуан Гуаидо, вчера се прогласи за претседател на држава.
Длабоката политичка и економска криза веќе долго време тресе Венецуела.
Доцна вечерва венецуелскиот претседател Николас Мадуро имаше вонредно обраќање до нацијата, каде изјави дека тој останува претседател и дека никогаш нема да се откаже од обврските кон својата татковина.
Бидејќи САД и голем број други земји го признаа Гуаидо за привремен претседател и побараа претседателот на Венецуела, Мадуро, чии избори се сметаат за нелегитимни, да не дозволи насилна акција против опозицијата, Мадуро вечерва изјави дека одлучил да ги затвори амбасадите и конзулатите во САД.