Билетот за бизнис-класа на авиокомпанијата „Сингапур ерлајнс“ би требало да ви овозможи на посакуваната дестинација да стигнете одморени, особено што летот со моделот „А380“ чини меѓу 7.500 и 9.900 долари.
Сепак, птица од видот мина, која може да имитира човечки говор и е песнопојка, ги нарушила редот и мирот во бизнис-класата.
Имено, на социјалните мрежи неодамна се појави видео од птица која случајно се нашла во бизнис-класата на авионот и ги излудила патниците што биле на патување долги 14 часа.
За среќа, таа се појави само неколку часа пред слетувањето, а портпаролот на авиокомпанијата изјави дека екипжот успеал да ја фати со помош од еден патник.
Од „Сингапур ерлајнс“ не откриле како птицата успеала да стигне до кабината на авионот.