6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Пронајдена уште една жртва под рушевините на зградата во Русија 

    Бројот на загинати лица во експлозијата на гас во зградата во градот Шахти во јужниот руски регион Ростов, се искачи на две лица.

    Спасувачките екипи сооштија дека пронашле уште едно тело под рушевините. Потрагата и натаму продолжува, бидејќи уште три лица се водат за исчезнати по експлозијата што се случи во понеделникот на деветтиот кат од станбената зграда.

    „Бројот на жртвите се зголеми на две лица. Телото на една жена е пронајдено”, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесе агенцијата ТАСС.

    Седум лица беа спасени, вклучително и дете, а вкупно 140 лица беа евакуирани од зградата.

    Во тек е истрага за причините за експлозијата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.