Новата песна на Тоше Проески насловена „Light the flame“ беше промовирана на плоштадот Македонија во Скопје, каде што се одржа „Ѕвездено небо за Тоше“. Денеска се одбележуват 10 години од последниот концерт на Тоше Проески, по чиј повод фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“ традиционално го организираат овој настан.

Новата песна е дело на англискиот продуцент Енди Рајт и е најава за нов албум кој треба да излезе наскоро.