Клиентот ги зема од полиците производите што ги сака, а потоа слободно излегува од маркетот без никакво задржување на каса.
Камерите го следат секое движење на купувачите, а трошоците автоматски се бележат на електронски паричник и се наплаќаат од вашата сметка веднаш штом ќе изезете од продавницата.
Така од неодамна пазарат купувачите во супермаркетот „Амазон го“ отворен во Сиетл.
Иако станува збор за паметна продавница, потрошувачите сепак не гледаат некоја поголема разлика во споредба со другите маркети. Камерите, сепак, знаат што сте зеле од полиците, зошто сте се премислиле, па дури и кога го враќате производот, која му е цената итн… За сето тоа да се наплати при излегувањето од продавницата, купувачот треба да се регистрира со својот мобилен телефон при влезот во неа со помош на апликацијата „Амазон го“.