6 C
Skopje
вторник, април 16, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Полјак седнал во својата „пегла“ и тргнал на патување долго 22.000 километри

    Полјакот Аркадиј Фидлер е еден од многуте вљубеници во култниот за неговата земја автомобил „фиат 126p“, на овие простори познат како „пегла“.

    Во 2016 година со ваков автомобил тој тргнал на пат кон Азија, при што за три месеци минал над 22.000 километри. Својата авантура ја започнал од родната Полска од местото Пушчиково во близина на Познањ, а завршил во Владивосток на крајниот исток на Русија.

    За време на тримесечната експедиција популарната „пегла“ минала низ Словачка, Унгарија, Србија, Бугарија, Турција, Грузија, Азербејџан, Казахстан (двапати), Киргистан (двапати), Таџикистан, Монголија и низ Русија (двапати).

    Неговиот придружник, Камил Пеховјак, го снимил целото патување со цел да создаде документарен филм од ова невообичаенo патување.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.