Во попладневните часови пожарникарите од Вуковар добија необичен повик. Загрижениот сопственик побарал помош бидејќи неговата кучка Леа, ловејќи лебеди, паднала во ладната река Вука.
На драматичната снимка што ја објави сопственикот во саботата може да се види дека пожарникарите од Вуковар во тешки услови организирале спасување на кучето што заглавило во ледената река. Додека неколку колеги го придржувале со јажиња, пожарникарот Денис презел ризичен потфат. Тој легнал на воздушен душек и со влечење, лизгајќи се по мразот, дошол до местото каде што било замрзнатото куче, а потоа со внимателни движења го повлекол на душекот.
Vatrogasci Vukovar, hvala na vasoj nesebicnosti
Gepostet von Marinko Ivičić am Samstag, 26. Januar 2019
„Леа ја удомивме пред четири години кога ја најдовме на улица. Имаше два месеца. Но, сето тоа е споредно, важно е дека момците ѝ го спасија животот иако е куче, и тоа многу бргу по мојот повик“, изјави сопственикот Маринко.