Протестите на движењето „Жолти елеци“, кои во Франција може да се забележат во изминатите 11 недели, предизвика реакција не само кај претседателот Емануел Макрон и неговата влада туку и кај оние Французи што сметаат дека протестите се многу насилни и бараат процесите во земјата од револуционерни да се вратат назад во демократски рамки.
Некои од Французите што не ги поддржуваат насилните протести на „Жолтите елеци“, вчера се собраа во центарот на Париз и одржаа протест под мотото „Доста е“.
Граѓаните организирани во групи наречени „Црвени шалови“ и „Сини елеци“ излегоа во центарот на градот, а протестот го организираа преку социјалните мрежи со наслов „СТОП, сега е доста“.
На вчерашниот протест против насилното однесување на протестите на „Жолтите елеци“ имаше околу 10.000 граѓани, кои на себе носеа црвени шалови.