ПСЖ го совлада Тулуз со 6:2, а вистинско шоу на „Паркот на Принцовите“ имаше најскапиот светски фудбалер, Нејмар, кој во победата на својот тим учествуваше со два гола и две асистенции.
Играчите на Тулуз го постигнаа првиот гол на мечот преку Градел, но до крајот на првото полувреме Нејмар израмни, а потоа му асистираше на Рабио за 2:1.
На почетокот на второто полувреме ПСЖ остана со играч помалку поради исклучувањето на Верати, но 75.минута Кавани од пенал ја зголеми предноста на домаќинот. Само три минути подоцна на 3:2 намали Жуијен.
Во последните десет минути ПСЖ постигна уште три гола преку Пасторе, Ди Марија и Нејмар за конечни 6:2.