Расел Вестбрук ја продолжи импресивната низа од почетокот на сезоната во НБА лигата. Бекот на Оклахома сериозно ја истакнува кандидатурата за МВП на сезоната бидејќи во првите 19 натпревари во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=KXUV5NVY5L0
Оклахома победи во Њујорк 112:103, го забележа 11-от триумф во 19-от натпревар сезонава. Вестбрук забележа нов „трипл дабл“, кој е негов 45-ти во кариерата.
Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции. Неверојатен е податокот дека Вестбрук во првите 19 мечеви во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар (30,9 поени, 11,3 асистенции, 10,3 скока).