Најмалку 15 лица се повредени за време на протестот против Преспанскиот договор во Атина. Меѓу повредените, 10 се полицајци, пренесува „Катимерини“. Едно лице со повреда од нож е пренесено во болница, но засега нема потврда дали лицето е повредено за време на протестот или станува збор за изолиран инцидент.
Протестот почна утринава, а учесниците вејат грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина. Тие бараат повлекување на договорот со Македонија и распишување на референдум.
Според проценките на некои медиуми, на протестот учествуваат 60 000 луѓе. Во Атина денеска пристигнале 326 автобуси од повеќе градови во Грција.
На протестот учествуваат и членови на опозицијата.
Уште на почетокот на протестот дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, која со солзавец ја растера толпата од влезот на Парламентот.
(Фото:ЕПА)
(Фото:ЕПА)
(Фото: ЕПА)
(Фото:ЕПА)
На насобраните им се обрати и поранешниот грчки премиер Антонис Самарас со зборовите дека се протестира за она што знаат дека е праведно, пренесе „Катимерини“, потсетувајќи дека Самарас од секогаш застапува тврд став во поглед на името на Македонија.
(Фото:ЕПА)
Се очекува утре грчкиот парламент да ја почне расправата за ратификација и до петок да гласа за тоа