6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВИДЕО: Мистериозна кутија стоела со денови на аеродром- вработените останале без зборови кога ја отвориле

    Аеродромите се места каде секогаш има движење. Секој ден голем број на куфери и патници минуваат и доаѓаат од разни дестинации во светот – затоа е многу важно да се имаат на вид сомнителни пакети и активности.

    Кога мистериозен пакет се појавил на Интернационалниот аеродром во Бејрут, Либан, без никакви ознаки, вработените веднаш го забележале. Кутијата била висока 42 сантиметри со неколку дупки на страните. Пратката била наменета за Сирија.

    Освен бројот на карта, кутијата била целосно необележана. Недостасувале податоци за испраќачот и примачот, и немало никакви документи, така што брзо привлекла внимание.

    Седум дена кутијата стоела во аеродромот. Конечно судијата дозволил да се отвори, но никој не ни можел да замисли што има внатре. Во мала дрвена кутија имало 3 живи младенчиња сибирски тигри, дехидрирани, гладни, инфицирани со црви и прекриени со сопствената урина.

    -Ништо не оставило впечаток дека во кутијата има тигри или друг вид животни – рекле од огжрганизацијата за права на животните во Либан.

    Истата организација веднаш ги испратила на ветеринар. Не биле вакцинирани, и само едното од нив имало микрочип.

    Со љубов и грижа нивната состојба се подобрила. Сибирскиот тигар кој е обележан од страна на IUCN организацијата како загрозен вид се повеќе е баран на црниот пазар. Зоолошката градина од Украина која ги продала барала младенчињата да бидат вратени кај нив.

    Погледнете какви биле, а какви се сега:

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.