Македонија успеа со победа да го стартува своето петто Европско првенство, откако во драматична завршница стигнавме до импресивна 25:24 победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците.
MKD fans and players delighted after possibly the game of the #ehfeuro2018 so far! They take full points after a 25:24 goal win over Slovenia! #hypnoticgame @EHFEURO pic.twitter.com/icNkcDSvWF
— EHF Live (@EHF_Live) January 13, 2018
По израмнетото прво полувреме во Загреб, се играше гол-за-гол, и македонскиот тим предводен од фантастичниот Дејан Манасков со осум гола, на крајот остана со повеќе нерви и со повеќе сила стигнавме до посакуваната прва победа за совршен старт на шампионатот.
Сега следува дуелот со Црна Гора во понеделник, и темпото не смее да се намали ниту противникот да се потцени, иако тие загубија во дуелот со едни од фаворитите на шампионатот, Германија, загубија со 32:19. На овој меч, Македонија ќе може практично да го обезбеди пласманот во втората рунда.
Капитенот Кирил Лазаров исто така беше фантастичен со седум постигнати гола и како лидер го предводеше тимот во клучните моменти, а на голот се покажа Никола Митревски.