Марио Арангеловски е млад и амбициозен пејач од Куманово кој има само 21 година и веќе извесно време е актуелен по учеството на Бугарскиот х фактор.

За наговиот прв настап пишуваа сите балкански медиуми оти остави голем впечаток со изведбата на популарната поп – рок песна Here without you од 3 doors down. Жири комисијата во состав од Криско, Сања, Заки и Љубо не останаа рамнодушни на неговото појавување, како и публиката во студиото. Неговата аудиција е една од најгледаните на јутјуб.

Во Недела започна да се емитува и втората етапа од овој музички проект, каде што се емитуваше и вториот настап на Марио, кој не налета баш на така добри коментари од страна на жири комисијата, но, Криско како ментор на групата во која припаѓа Марио сепак одлучи да го земе во својот тим и да му овозможи едно место во најдобрите 6 машки вокали. Па, Марио сега е во најдобрите 24 и наскоро ќе се бори за опстанок во најдобрите 12 кои ќе продолжат на лајв концерите.

Настапот на Марио може да го погледнете на подоле поставениот линк, на 1:20 минута: