6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Мавташе со мачета на станица во Лондон, а потоа го срушија со електрошок

    Во Лондон е уапсен маж (59) поради сомневања за обид за убиство бидејќи мавташе со мачета на железничката постојка во јужниот дел на Лондон, се наведува во извештајот на Би-би-си.

    Terrifying incident at Tulse Hill station where several of us had to run from a man wielding a machete. He has now been subdued by police – very grateful
    for them being there quickly and acting bravely.

    — David Northfield (@DANorthfield) January 14, 2019

    Полицијата во понеделникот околу 18.30 часот доби пријава за човек што има многу голем нож и се наоѓа на Тулс Хил.

    Сведоците опишаа дека на постојката владеел хаос и дека луѓето врескале од страв сè додека полицијата не го уапсила мажот.

    На видеоснимките се гледа дека полицајците користеле електрошок и притоа го легнале човекот на подот. Подоцна тие го фатиле и го уапсиле.

    Иако 59-годишникот беше виден како мавта со оружје, за среќа, немаше повредени. Полицијата смета дека инцидентот не е поврзан со тероризам.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.