6 C
Skopje
петок, јуни 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Лавина од кал во целост отсече швајцарско планинско место

    Во Швајцарија деновиве беше забележан опасен нанос од кал, кој како лавина надојде поради големата количина дожд во планинските предели.

    Имено, огромна количина вода во комбинација со земја и делови од карпи се спушти од планините во Шамосон и го преплави коритото на локалната река.

    Локалните жители и минувачите забележале како изгледала оваа опасна ситуација. Снимките и фотографиите покажуваат дека наносот од кал што се спушта од планината беше преголем за коритото на реката.

    Кога калливата маса наиде на мостови, не можеше целосно да мине под нив, така што парчиња од кал и карпи излетаа во воздухот. Како што може да се види на дел од снимките, опасната мешавина од кал и карпи паѓаше по патот, автомобилите и околните куќи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.