6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Кој е човекот што и го одзеде микрофонот на британската пејачка?

    Финалето на 63. издание на Евровизија во Лисабон го одбележа инцидент за време на настапот на британската пејачка Сури, кога на бината влета маж и и го одзеде микрофонот, по што веднаш реагираше обезбедувањето.

    Пејачката одбила да го повтори настапот, а младиот човек кој и го одзеде микрофонот, заврши во полиција.

    Според информациите од медиумите, се работи за човек кој е самоповикан активист за слобода на медиумите и автор на неколку е-книги, кои на Инстаграм ги претставува под името Др.А.Ц. На Инстаграм напишал и дека е Албанец кој се претставува дека е Британец.

    „Нацисти на британските медиуми, бараме слобода, војната не е мир“ наводно извикувал кога се качил на бината.

    Тој и претходно упаѓал во шоу-програми, како што е британски Војс и со тоа се фалел на Инстаграм.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.