6 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ВИДЕО: Кливленд убедлив, ГС мизерен

Кошаркарите на Кливленд со убедлива победа, на најголемите фаворити за титулата Голден Стејт со убедлив пораз ја отворија новата сезона во НБА лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=ayR329NAb_0

Кливленд, актуелен НБА шампион, одбраната на шампионскиот прстен ја започна со убедливиот триумф над Њујорк 117:88.

Леброн Џејмс уште во првиот натпревар забележа „трипл-дабл“ (19 поени, 14 асистенции, 11 скокови). Кајри Ирвинг мечот го заврши со 29 поени, а Кевин Лав со 23 поени и 12 скокови.

Њујорк, кој состави амбициозен тим, на шампионот му пружи отпор само во првото полувреме. Кармело Ентони постигна 19, а Дерик Роуз 17 кошеви за Никси.

Вицепрвакот и според многумина најголемиот фаворит за освојување на титулата, Голден Стејт, во првиот меч доживеа дебакл против Сан Антонио 100:129.

Спарси во чии редови повеќе го нема Тим Данкан, кој по две децении замина в пензија, доминираа од првата до последната минута,  во секоја од четвртините уфрлија најмалку 30 поени и заслужено победија.

Кавај Ленард со 35 поени го предводеше тимот, а брилијантен учинок имаше и Ламаркус Олдриџ (26 поени, 14 скокови).

Кевин Дурент со 27 поени и 10 скокови, односно Стеф Кари со 26 поени беа најефикасни кај Голден Стејт.

Портланд со победа стартуваше во новата сезона, благодарение на неверојатниот Демијан Лилард. Портланд ја совлада Јута 113:104, а Лилард постигна 39 поени. Јута на овој меч настапи без своите двајца најдобри играчи Хејворд и Фејворс.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.