На социјалните мрежу Александар од Прилеп сподели видео кое многумина го споделија и за краток период стана буквално вирален хит. Тој е камионџија кој вози низ државите во Европа.
Александар упатува директен апел до сите Македоцни, до сите оние кои сакаат да патуваат и да се вратат назад во земјата. За нив има една порака: Останете каде што сте, не се враќајте назад во овој период.
-Веќе 15 денови се немам вратено назад, не сакам да одам ниту во Ријека каде моментално престојувам. Во последниот период многу наши Македонци ми пишуваа на социјалните мрежи и прашуваат дали е можно да се најде некој камионџија кој за пари би ги префрлил до Македонија,- вели Александар.
Тој силно ги моли сите во ваква кризна ситуација да останат каде што се. Јасно е дека сите ги сакаме своите најблиски и најмили, но со тоа што ќе патуваме низ земјите ќе ги доведеме во опасност.
Слушнете го добро Александар, неговите повици се крајно искрени и реални:
Posted by Aleksandar Čačoro Boškoski on Tuesday, 17 March 2020