Поранешниот активисит на италијанската левица, 64-годишниот Чезаре Батисти, кој беше осуден за убиство, и веќе 40 години се наоѓаше во бекство, откако во саботата беше уапсен во Боливија синоќа беше екстрадиран во Италија.
Батисти е осуден на доживотен затвор за четири убиства. Веста за неговата екстрадиција ја потврдија и од владата на Бразил, каде што Батисти живееше неколку години, објави „Ројтерс“. Батиста беше уапсен од страна на Интерпол во саботата во Боливија.
Тој беше осуден на доживотен затвор за неговата вмешаност во четири убиства извршени во 70-тите години, како член на ултра-левичарската група „вооружени пролетери за комунизам”. По бегството од затвор во 1981 година, тој живеел во Франција некое време, а потоа избега во Бразил.
Неодамна по победата на новиот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, тој вети дека ќе го екстрадира Батисти во Италија, а неговите адвокати поднесоа барање да не го стори тоа. Барањето беше одбиено и во декември минатата година Врховниот суд на Бразил го нареди неговото апсење, по што тој исчезна.
Според боливискиот министер за внатрешни работи, Батисти бил пронајден на улиците на Боливија, каде што влегол илегално.