Индиецот Амар Барати ја држи својата десна рака подигната дури 40 години бидејќи се одрекол од овоземниот удобен и секојдневен живот за да се посвети на хиндуистичкиот бог Шиви.
Мускулите на раката му се целосно атрофирани, а ноктите му се огромни и завиткани. Сепак, неговиот чин стана симбол на верата, па и други хиндуистички монаси се огледуваат на него.
Барати нагласува дека подигнатата рака претставува постојан поздрав и дека тоа го прави за мир во светот. Тој додава дека подигнатата рака значи и протест против насилството. Шива или големото божество е едно од трите најголеми божества во Индија, покрај Брама и Вишна, кои претставуваат свето тројство во хиндуизмот.
Големото божество некогаш било претставено како машко, некогаш како женско божество и може да земе разни форми. Првобитното божество на огнот, кое го оживува и уништува космосот, се претставува со две лица, од кои едното означува плодност, а другото милост.