Холандските спасувачки екипи од рушевините на зградата во Хаг извлекоа три тела. Тие се уште трагаат по уште едно лице за кое се верува дека е заробено под рушевините.
Според АП, спасувачките екипи рушевините ги пребаруваат со помош на кучиња.
EXPLOSIE in #DenHaag https://t.co/BhnH2ob0pZ
— Roeland Roovers (@r0eland) January 27, 2019
Спасувачите внимателно бараат под рушевини затоа што се плашат дека може да дојде до нов колапс.
Во експлозијата во зградата, која ја предизвикало истекување на гас, девет лица беа повредени, од кои седум се префрлени в болница. При експлозијата соседните куќи беа оштетени, како и две возила. Надлежните ги евакуираа жителите на зградата веднаш по експлозијата, поради опасност од нејзино целосно уривање.