Американската компанија „Бостон динамикс“ неодамна ја тестирала способноста на својот робот „Спорт мини“ да ги совлада пречките додека ја отвора вратата и минува низ неа.
Човекот, кој го донесе роботот до вратата, му ја покажа бравата и му даде командата „напред“. Роботот потоа самостојно продолжи да ги врши понатамошните операции.
Камерата, сместена во неговата рака, е во можност самата да ја лоцира положбата на бравата, а камерите на телото на роботот одредуваат дали вратата е отворена или затворена и го управуваат додека минува низ неа.
За движењето на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го регулира своето однесување и начин на движење во однос на пречките што може да му се најдат на патот.
Способноста на роботот автоматски да се справи со сите пречки, како што е обидот на човекот да му попречи и да го врати назад, само покажува до каде е унапредена способноста на овие механички креации.