Знамињата во Полска денеска беа спуштени на половина копје, а луѓето се потпишуваа во книгите на жалост во општинските згради во Полска, како и во дипломатските претставништва во странство.
Нацијата жали за смртта на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, пишуваат тамошните медиуми. Во Гдањск луѓето положија цвеќе и свеќи и се запишаа во книгата на жалост во општинската зграда, каде што Адамович беше градоначалник од 1998 година, објави АП.
Адамович беше нападнат со нож во неделата вечерта на добротворен настан. Градоначалникот веднаш по нападот, на кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП, но тој им подлегна на повредите во болницата.
Нападот се случи пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собираа пари за да се купат медицински уреди. Напаѓачот беше уапсен од полицијата и, според портпаролот, тоа е 27-годишен жител на Гдањск.