6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (ВИДЕО) Евакуирани 1.300 патници

    На норвешкиот крузер му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка сред силни ветрови, по што е започната евакуацијата на 1.373 патници и екипаж.

    Операцијата за спасување со висок ризик е спроведена сред бура и силни ветрови, со помош на повеќе спасувачки хеликоптери и бродови.

    Поморската спасувачка служба претходно јави дека бродот Викинг скај пловел кон копното и дека испратил сигнал за помош.

    Норвешкиот весник ВГ објави дека бродот за крстарење Викинг скај имал проблеми со погонот сред лошите временски услови што во саботата ги погодија крајбрежните области на Норвешка.

    Полицијата од западниот округ на Мере ог Румсдал рече дека бродот успеал да се укотви во заливот Хустадвик, меѓу западните норвешкиот градови Олесунд и Трондхејм, по што евакуацијата на патници и членовите на екипажот можела да започне.

    Норвешките власти, изјави дека за време на акцијата биле принудени да пренасочат два од петте хеликоптери за да му помогнат на друг брод, кој западнал во бура, што додатно го одложил процесот на евакуација.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.