После тиранската платформа имаше страшна кампања од бившата ВМРО на чело со Груевски и Сашо Мијалков и друштвото, сега за жал во последните 2 месеци се повторува истата страшна кампања, и сега овие два месеци за жал од СДСМ се повторува истата кампања, како Села е националист, како Река само бара албански гласови, тоа е страшна кампања од порталите на СДСМ, вели Таравари во гостување на 24 телевизија.
Додека Таравари го зборуваше ова, Јанушев седеше до него и го надополни со зборовите „другарчињата на Кирацовски“, мислејќи на зборовите од Таравари за поранешното ВМРО, споменувајќи го Сашо Мијалков.
На ова, Кирацовски му возврати со зборовите: Не биди смешен, на што Јанушев продолжи да се смее и да го гледа во лице