6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Додека бегал од полицијата, Американец бил прегазен од сопствениот автомобил

    Маж од Северна Вирџинија (САД) успеал да се прегази со својот сопствен автомобил кога, додека возилото било во движење, излегол од него со цел да избега од полицијата.

    Според извештајот на полицијата од округот Ферфакс, триесетгодишниот Исак Бонс не бил повреден, а бил уапсен за возење под дејство на опијати.

    На видеото се гледа како Бонс излегува од својот автомобил во предградие на Вашингтон. Но, очигледно, тој заборавил да ја повлече рачната сопирачка, па може да се види како истрчува пред автомобилот што го удира.

    Сепак, човекот набрзо успеа да стане и повторно се даде во бегство. Полицијата успеала да го уапси по кратка потера, а во официјалното соопштение се наведува дека тој не бил вооружен.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.