Грчката полиција и вечерва употреби солзавец за да ги растера насобраните демонстранти од пред парламентот кои протестираат против договорот од Преспа.
Во моментов во грчкиот парламент и натаму треа дебатата во пресрет на утрешното гласање за договорот.
Неколку илјади луѓе се собраа пред грчкиот Законодавен дом, извикувајќи „предавници”, бидејќи пратениците дебатираат за ратификацијата на договорот постигнат со Македонија минатата година.
Демонстрантите кои се против ратификација на договорот од Преспа со грчки знамиња во рацете и со транспаренти „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации во Атина.
Протестите се организирани од разни организации и движења, но како главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот организиран од таканаречениот комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија.
Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на протестoт.