Екс премиерот Никола Груевски кој периодов дава интервјуа од Будимпешта, во едно од своите интервјуа каде што одговара на новинарско прашање за Ахмети вели:
Кога ги започнавме преговорите со ДУИ за нова Влада, после декември 2016, тој ми кажа дека има две опции, или да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или да се оди на нови избори. Тоа го кажа пред тројца други луѓе и мислам дека тогаш искрено зборуваше. Тој ја донесе тезата во Македонија, победник со победник, односно победникот во македонските партии и оној кај албанските да направи коалиција, тој е човек кој секогаш сака да го одржи својот даден збор, не сака да се доведе во ситуација во кој би излажал.
Преговорите течеа на начин на кој најмногу се разговараше за Законот за јазици, после постигнавме одреден договор кој беше уставен, во рамките на Уставот, не предвидуваше некои работи кои ги има во овој договор, но предвидуваше работи кои беа во согласност со Уставот. Последниот ден кога практично тој требаше да ја донесе одлуката во претседателството на ДУИ, дојде до пресврт и до она кое е мое сознание се работи за жесток притисок од надвор, вели Груевски.