Бараме целосно затворање на цела Македонија – десет дена. Тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките“ изјави поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски во отвореното студио на ТВ24.
„Ова што сега се прави со затворање од 16 часот е контрапродуктивно, се создава огромен метеж пред банки, во маркети во утринските часови пред полицискиот час и создаваме непотребно ширење на вирусот, наместо да го блокираме комплетно. Оваа работа нема да заврши за два месеци, тоа станува се појасно и затоа мораме да одиме на една ваква мерка сега, а потоа да ослободуваме. Мала земја сме, може да биде тоа предност за нас, но потребни се други мерки. Треба да биде наша цел – држава ослободена од коронавирусот“, вели Георгиевски.
Оној кој е сериозен економист треба да настапува исто како сега да се прави буџет на државата. Треба да се каже од каде тие пари кои се даваат негде, од каде ќе доаѓаат. Многу е лесно да кажете дајте пари таму или ваму, но прашањето е од каде? Приходот на буџетот е намален, а тој може уште повеќе да се намали. Се е затворено. Ресторани, хотели, кафулиња, значи за да има пари во буџетот треба да има обрат во економијата. Сите гранки се суштински, но најсуштински е ако рикне буџетот на државата, а тој е економски столб на државата од каде произлегуваат многу финансиски средства. Значи кога зборуваме за мерките мораме да кажеме од каде пари за таа мерка. Најлогично е да се позајмат пари, јас сум бил за позајмување на пари од странство, но овој пат сметам дека позајмените пари нема да ја имаат вредноста во наредните години кога ќе треба да се враќа.
Георгиевски го критикуваше полицискиот час како мерка и рече дека истиот носи поголем метеж по банките, аптеките и маркетите отколку што помага во борбата против коронавирусот.
Првиот човек на ВМРО НП рече дека се изнасмеал на соопштението во кое се повикуваат граѓаните да не излегуваат без потреба по банките и направи споредба меѓу фабриките кои работат и за време на полициски час со оние кои шетале во парк за да ги фати воздух и сонце.
Сега зборуваме за луѓето кои шетаат у парк, а имаме хала во која има стотици вработени кои седат еден до друг. Луѓето во Банка не одат на кафе или да се прошетаат, туку поради тоа што имаат потреба. Дали да платат сметка, да земат пари или било што друго. Видов едно соопштение во кое ги повикуваат луѓето да не одат во банка без потреба. Се изнасмеав на тоа соопштение, па кој оди во банка без потреба?
Извор: Pogled.mk