Венецуелскиот претседател, Никола Мадуро вечерва и се обрати на нацијата.
Тој во своето обраќање нагласи дека одлучил да ги затвори амбасадите и конзулатите во САД, и додаде дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог.
„Јас никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина, никогаш нема да го направам тоа”, рече претседателот на Венецуела, Мадуро.
Во средата, на 23 јануари, во Каракас започнаа масовни протести против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Еден ден потоа претседателот на парламентот Хуан Гуаидо се прогласи за привремен шеф на државата, додека трае мандатот на привремената влада.
САД и голем број други земји го признаа Гуаидо за привремен претседател и побараа претседателот на Венецуела, Мадуро, чии избори се сметаат за нелегитимни, да не дозволи насилна акција против опозицијата.
Мадуро себе си се прогласи за уставен претседател и го нарече шефот на опозицијата – марионета на САД.
Покрај тоа, тој ги прекина сите дипломатските односи со Вашингтон и побара од американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.