Паскал Селик (49) организира раскошна свадба со помош на организаторот на венчавки за да ја прослави љубовта кон постелнината, објави „Мирор“.
Уметницата, која себеси се опишува како „непристоен, груб и спектакуларен егзибиционист”, испрати отворена покана за секој што сака да слави со неа.
„Мојот јорган е најдолгиот, најсилниот и најинтимниот партнер со кој некогаш сум била, бидејќи секогаш беше тука за мене и ме гушкаше кога беше потребно”, рече таа.
Селик рече дека „толку го сака јорганот што сака да ги покани луѓето да присуствуваат на склопувањето заедница со најбезбедниот партнер во нејзиниот живот”.
„Ќе има музика, смеа и забава на свадбата“, рече таа.
Паскал ќе носи ноќница, домашна наметка и влечки на „свадбата”, но изгледот на својот иден „сопруг“ го чува во тајност.
Церемонијата ќе се одржи на 10 февруари во Девон. Гостите се замолени да дојдат во ноќници, пижами, домашни наметки и влечки. Кога таа го објави ова на „Инстаграм“, покрена низа коментари.